• Сашо Поповски

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев на крајот од ланската сезона стави крај на фудбалската кариера. Од репрезентацијата се прости по Европското првенство, а фудбалот целосно го напушти играјќи за Парма.
Рекордерот по бројот на голови во дресот на Македонија ќе продолжи да биде дел од фудбалската игра, преку својот клуб Академија Пандев. Моментално работи на соработка со италијанскиот тим Брера од Милано.
Ликот на Струмичанецот деновиве се појави на градите на негов голем фан. Тој се пофали со тетоважата од својот идол, од деновите кога го носеше дресот на Интер.

