Арапскиот дом на Роналдо вреди 14 милиони евра, има и водопад

Кристијано Роналдо го потпиша најбогатиот договор во историјата на фудбалот. Ал Наср од Саудиска Арабија го обезбеди потписот на фудбалскиот великан, а сега следи преселба во земјата на целото семејство.

Вкупно 400 милиони евра ќе легнат на сметката на португалскиот ас во две сезони. По парафирањето на договорот, следи одлуката за местото на живеење. Англиски „Дејли Мејл“ објави дека Роналдо пикирал вила на местото Ал Мацка.

Цената е 14 милиони евра. Се работи за вила во место близу главниот град Ријад, која е специјално изградена за богатите луѓе од западниот свет кои доаѓаат во Саудиска Арабија. Во оваа елитна населба има квалитетни ресторани, а исто така обезбедена е и иднината на децата затоа што има многу меѓународни училишта.

Вилата која Роналдо ќе ја купи има осум спални соби, а во претсобата има раскошен водопад. Исто така, на еден од спратовите има и голем базен. Португалскиот ас во Ал Наср дојде како слободен, а последно настапуваше за Манчестер Јунајтед.

Роналдо во Европа освои голема трага и освои се што можеше да се освои, во дресовите на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид.