Македонската шаховска репрезентација засилено се подготвува за настап на Европското првенство, кое утре почнува во грузискиот град Батуми. Машката репрезентација ја сочинуваат велемајсторите Кирил Георгиев (рејтинг 2.581),Трајко Недев (2.500), интернационалните мајстори Филип Панчевски (2.490) и Никола Николовски (2.422) и фиде-мајсторот Тони Лазов.