Србинот Борис Станковиќ е победник на Меѓународниот младински турнир во шах „Ласкер 2019“, кој се одржа деновиве во Охрид. Во конкуренција на 62 учесници од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија, 14-годишниот Станковиќ освои седум поени од исто толку кола и ги оправда очекувањата пред почетокот на турнирот.