ФИДЕ-мајсторот Зоран Стојчевски е победник на шаховскиот турнир во забрзан шах (темпо од 10 минути, плус две секунди за секој одигран потег по играч) на општината Илинден. Тој освои 7,5 поени, ист број на поени како и второпласираниот интернационален мајстор (ИМ) Никола Николовски, но Стојчевски беше подобар во дополнителните критериуми.