Убедлив триумф на шахистите на Алкалоид, победа слави и Гамбит Асеко

Европскиот шаховски првак Алкалоид во рамките од третото коло на Европскиот шаховски Куп го совлада норвешкиот тим Валеренга со максимални 6-0.

Лирен Динг, Дмитри Андреикин и Дмитри Јаковенко извојуваа победи со вели фигури, а Павел Ељанов, Јангји Ју и Јуриј Криворучко донесоа поен со црни фигури. 

Вториот македонски претставник Гамбит Асеко славеше со 3,5-2,5 против израелската екипа Макаби. Победи извојуваа Марјан Митков и Дејан Димев на петата и шестата табла, а Петар Г. Арнаудов, Богдан Подлески и Орце Данчевски ремизираа. Единствениот пораз го претрпе Никола Николовски.

По три одиграни кола Гамбит Асеко се наоѓа на делба на второто место со 13,5 поени, додека Алкалоид е деветтопласиран со 12 освоени поени.