Сигурни победи на Алкaлоид, Прилеп и Гамбит на стартот од ЕКК во Струга

Македонските шаховски клубови Алкaлоид, Прилеп и Гамбит Асеко СЕЕ со убедливи победи го отворија престижниот Европски клупски Куп (ЕКК), кој се одржува во Струга.

Шампионот Алкалоид со само една загубена партија (5-1) славшее над шведскиот претставник Лундс (рангиран на 20. место), додека Гамбит Асеко СЕЕ со само едно реми (5,5-0,5) го надмидри тимот на Васа, исто така од Шведска.  (рангиран 35. место)

Победа на стартот на овој шампионат запиша и тимот на Прилеп над Раика (4-2), а единствен македонски претставник кој не победи во првото коло беше Гостивар, кој загуби од швајцарски Рихен со 0,5-5,5.

Најдобриот светски шахист на денешницата, Магнус Карлсен поради турнир во Норвешка, каде го освои првото место, не настапи за Оферспил во првото коло, но се очекува да биде дел од тимот уште од следното коло, во кое норвешкиот тим ќе се судри со Прилеп.