Панчевски и Стојковска од ШК Алкалоид прваци на Македонија во шах

Во четвртокот заврши Отвореното шаховско првенство на Македонија, кое што се одржа во хотелот Континентал во Скопје, а беше организирано од страна на Шаховската федерација на Македонија.

Шампион во машка конкуренција кај сениорите е репрезентативецот на Македонија и член на ШК Алкалоид, Филип Панчевски, кој уште еднаш ја покажа својата класа и беше подобар од конкуренцијата. Пред два месеци Панчевски имаше одличен настап на „Славјански Опен“ во Битола, каде исто така го освои првото место.
   
Кај дамите, пак, победник на женскиот турнир и шампион на Македонија во поединечна конкуренција кај сениорките е репрезентативката и членка на ШК Алкалоид, Моника Стојковска.