Одбележана 51-годишнината од историското реми на Борче Илиевски со Боби Фишер

По повод 51-годишнината од симултанката на светскиот шаховски првак, Боби Фишер во Македонија, познатиот ликовен уметник Живко Поповски-Цветин на Широк Сокак во Битола на браќата Борче и Димче Илиевски им подари слика „Цветови на шаховска табла".

Како дел од присеќањето на историското реми на Борче Илиевски со Фишер во август 1967 година на турнир во Скопје, битолскиот шахист и неговиот брат Димче, кој долги години живее во Скопје, одигра симултанка на неколку табли и ја промовира книгата „Димче Илиевски-шаховска легенда".

Браќата Илиевски подоцна ја анализираа партијата на Борче Илиевски против Фишер. Тој беше само еден од тројцата кој ремизираа со американскиот феномен. Ова сеќавање е прекрасен времеплов на еден од најсјајните шаховски моменти во историјата на нашата земја - победата на најмладиот светски првак во шах во историјата на турнирот во Скопје - Боби Фишер.