Максимални победи за двете шаховски репрезентации на Олимпијадата во Грузија

Македонската машка и женска шаховска репрезентација не можеа подобро да го започнат својот настап на Олимпијадата во Батуми. Мажите славеа против аутсајдерот Брунеи со 4-0, а девојките беа подобри од Свазиленд со истиот резултат.

Македонија - Брунеи 4-0

В. Георгиев (2.479) – Мохд (2.125) 1-0

Панчевски (2.489) – Омар (2.125) 1-0

Недев (2.496) – ФМ Азахани (1.991) 1-0

Николовски (2.388) – Шарикан (1.712) 1-0

Македонија - Свазиленд 4-0

Бејатовиќ (2.057) – Носимило (1.362 1-0

Коскоска (2.026) – Т. Дламини (1.362) 1-0

Николовска (1856) – Н. Дламини (1.239) 1-0

Петровска (1.966) – Нокутхула (1.053) 1-0