Карлсен во Струга потврди дека ќе ја брани светската титула, во дуел вреден двa милиони евра 

Најдобриот шахист на денешницата, Магнус Карлсен, во ноември и официјално ќе ја брани титулата – светски шампион. 

Норвежанецот во Струга го потпиша потребниот документ дека е подготвен да ја брани титулата стекната во минатата сезона, односно дека го прифати „повикот“ на Иан Непомниатчи, руски шахист кој беше најдобар на овогодишниот турнир на кандидатите.

„Јас не би играл доколку не сум целосно мотивиран“, рече Карлсен пред да го потпише потребниот документ за големиот дуел со рускиот шахист.

Мечот за најдобар светски шахист ќе се одржи кон крајот на ноември во Дубаи, а истиот ќе тежи две милиони евра. 

Инаку, Карлсен веќе неколку дена е во Струга, каде со својот Оферспил настапува на Европскиот клупски куп.

ФОТО: Шаховска федерација на Македонија