• Горан Упале

Најдобриот шахист на денешницата, Магнус Карлсен, две седмици по фантастичниот настап во Дубаи, им приреди изненадување на своите фанови, откако не успеа да ја одбрани титулата на Светското рапид првенство во Варшава.
Норвешкиот ас неочекувано го загуби првиот дуел од 17-годишниот Абдусаторов од Узбекистан, кој подоцна славеше во тај-брејкот над Јан Непомњашчим и сензационално го освои овој турнир.
Карлсен со уште тројца шахисти имаа по идентичен број на поени (9.5), а според правилата теј-брејк играа само двајца, во случајот Абдусаторов и Непомњашчим, одлука на организаторот која што наиде на големи критики од страна на најдобриот на денешницата.
„Ова е глупаво правило. Или ќе играме сите четири, или ниту еден. Ги знам правилата и тие мора да се променат “, рече лутиот Карлсен.
Собирот во Варшава го одбележа и младиот шахист на Прилеп, Домарају Гукеш, кој имаше фантастичен настап и го подели петтото место со само половина поен помалку од Карлсен.
Светска шампионка во шах со забрзано темпо стана Александра Костенјук од Русија, која освои девет поени. Второто место го освои Бибисара Асаубајева од Казахстан, додека трета беше Русинката Валентина Гуњина со осум поени.

