Карлсен го победи Каруана во „генералката“ за светската круна во Ставангер

Актуелниот светски првак во шах, Магнус Карлсен го победи Американецот Фабиано Каруана во првото коло на силниот турнир во Ставангер, Норвешка.

Овој дуел беше еден од последните на двајцата шахисти пред меѓусебниот дуел за светска титула кон крајот на годината.

По 77 потези, Американецот предаде, откако Карлсен во завршница имаше три пиони повеќе на таблата. 

Нивниот меѓусебен скор изнесува 10-5 за Карлсен и 17 реми партии. Мечот за титулата светски првак ќе се игра во ноември во Лондон.