ФИДЕ ја дислоцира шаховската Олимпијада од Москва

Рускиот спорт трпи големи санкции, откако започна воената акција врз Украина. Земјата ги губи спортските настани кои се предвидени да се организираат во оваа земја годинава. Последен силен удар претпрпе рускиот шах.

Интернационалната шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека 44. шаховската Олимпијада нема да се одржи во Москва како последица на руската инвазија врз Украина.

„На вонредниот состанок донесовме одлука сите планирани натпреварувања да ги дислоцираме од Русија. Брзото влошување на геополитичката ситуација го принуди Советот да донесе тешка одлука“, стои во соопштението на ФИДЕ.

Заедно со Олимпијадата нема да се реализира и годишниот конгрес на Светската шаховска федерација. Новиот домаќин на најголемиот настан во древната игра дополнително ќе биде одреден.