Англиски велемајстор победник на охридскиот турнир во шаховски проблеми

Англискиот велемајстор Џон Нан е победник на Отворениот турнир во решавање шаховски проблеми, кој се одржува деновиве во Охрид, во рамките на 61. Светски конгрес за шаховска композиција.

Во организација на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) и на ШК Гамбит Асеко СЕЕ овој турнир привлече 87 нaтпреварувачи од 23 држави. Во силна конкуренција на 23 велемајстори, второто место го освои Германецот Арно Зуде со 45,5 поени, а трет беше Израелецот Офар Комај со 45,25 поени. 

Светскиот конгрес за шаховска композиција (ВЦЦЦ) претставува најголем годишен светски собир на шаховските проблемисти под покровителство на Светската федерација за шаховска композиција (ВФЦЦ).