• Горан Упале

Индискиот велемајстор Вишванатан Ананд одигра фантастичен турнир во Ријад, Саудиска Арабија и на крај заслужено се здоби со приматот нов светски првак во забрзан шах (рапид).
Ананд успеа да запише 10,5 поени од 15 меча, на првенството што се играше со темпо на игра од 15 минути за секого, плус 10 секунди за потег. Индиецот до патот до овој голем успех успеа да го совлада и големиот фаворит и актуелен светски шампион Магнус Карлсен, со што на еден начин му се реваншира на Норвежанецот за поразот и загубената титула класичен шах од пред четири години.
Владимир Федосеев и Јан Непомнијачи забележаа ист број на бодови како Ананд, но руските велемајстори за разлика од Индиецот запишаа по еден пораз што беше пресудно за конечниот исход. Карлсен со 10 бода од 15 меча беше во групата шахисти од 4. до 9. место.