• Зоран Мишевски

По ланската европска титула, шахистите на Алкалоид се враќаат со вицешампионската круна од Европскиот Клупски Куп во Анталија.
Во последното коло, Алкалоид извојува победа од 4-2 против романскиот тим, Баја Мара и заврши веднаш зад шампионот руски Глобус. Јаковенко и Криворучко забележаа победи, а пленот го поделија Динг, Елјанов, Андрејкин и Ју.
Глобус беше подобар со 4,5-1,5 од Легаси Капитал и го потврди првото место на кое беше постојано од самиот старт на шампионатот.
Алкалоид освои 11 бода, само еден помалку од новиот европски првак, а азербејџанскиот Одлар Јурду, кој исто така освои 11 бода, но послаб број индивидуални поени од Алкалоид, заврши како третопласиран.