• Зоран Мишевски

Охрид од 22 до 29 јули ќе биде домаќин на екипниот шампионат на Македонија во шах. На шампионатот ќе учествуваат осум екипи, а ќе се игра Бергеров систем (секој против секого). За минатогодишниот шампион, Алкалоид, кој пак е главен фаворит, покрај домашните шахисти, ќе настапат тројца странски играчи.
Најдоброрангиран е повеќегодишниот член шампионот, Украинецот Јуриј Криворучко со 2.691 рејтинг поени. За првпат боите на Алкалоид ќе ги бранат најсилниот играч од Белорусија Владислав Ковалев (2.649 рејтинг поени), како и хрватскиот репрезентативец Марин Босиочиќ (2.621 рејтинг поени).
Најголемата македонска шаховска надеж фиде-мајсторот Тони Лазов, оваа година ќе го има своето деби за сениорската екипа на ШК Алкалоид.