Зорица Десподовска МВП на колото во Полска

Македонската интернационалка Зорица Десподовска игра во одлична форма и доби признание за најдобра ракометарка на колото во полскиот шампионат.

Десподовска, која ги брани боите на Гмини Кобижице, второ коло по ред беше најдобар стрелец за својот тим со седум реализации и од шампионатот ја номинираа за МВП на колото. Македонката победи во анкетата и го доби признанието за најдобар играч.

Десподовска и претходно на стартот од сезоната се најде меѓу трите кои се бореа за МВП на колото, како и пред една рунда.