Зорица Десподовска собра ново признание, МВП на месецот во Полска

Македонската ракометна интернационалка Зорица Десподовска игра одлично во Полска и доби ново големо признание, откако по МВП на две кола, прогласена е и за МВП на месецот во Суперлигата.

28-годишната ракометарка која настапува во бековската линија на Кобиржице имаше блескав месец зад себе, со врвни индивидуални партии. Тоа ѝ го донесе признанието за најдобра, во анкетата која ја спроведоа од Суперлигата.

Во борбата за првото место Десподовска ги победи Беата Ковалчук и Каролина Кочанијак, со повеќе од двојна предност.