ЖРК Куманово ја почна српската турнеја со триумф над Ц. Звезда

Македонскиот суперлигаш во женска конкуренција, ЖРК Куманово, пристигна во Србија и започна со пријателски натпреври со кои ќе ја темпира формата за следните предизвици.

Во првиот натпревар, ЖРК Куманово одигра убедливо и славеше над Црвена Звезда (41-33). Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на полувремето, кога кумановчанки водеа со 20-11. На овој дуел тренерот им даде шанса на сите ракометарки да настапат.

Следен натпревар за ЖРК Куманово е утре (понеделник) против ЖРК Минаква Војводина, а потоа ќе следи и контролен дуел со ЖРК Раднички Крагујевац.