Вујовиќ: Ремито е најреално, многу екипи ќе загубат на овој норвешки терен

Македонскиот шампион и единствен наш претставник во Лигата на шампионите, скопски Вардар 1961, „одеше по жица“ во финишот во Елверум, го допре поразот, беше блиску и до победа, за на крај да се задоволи со реми. 

Веселин Вуковиќ на својот прв европски натпревар по враќањето во Скопје ги прифати конечните 27-27 како реален исход.

„Ова беше цврст, борбен дуел во кој ниту една екипа не успеа да се одлепи, не создаде поголема предност. Ремито е повеќе од реално. Му честитам на Елверум за тоа што го прикажа.

Ние бевме подобри во првиот дел, Елверум во вториот и можеби нерешениот епилог е најреален. Во едно сум сигурен, многу тимови ќе загубат тука. Ние немаме многу време за размислување, веднаш почнуваме со со подготовки за следните натпревари“, порача Црногорецот.

Вардар во второто коло го пречекува Мешков Брест, а веќе следниот викенд го игра и првото домашно дерби со Еурофарм Пелистер.