ВИДЕО: „Вртенката“ на Дибиров меѓу најдобрите голови на колото во ЛШ

Тимур Дибиров беше најефикасен играч на Вардар на гостувањето кај Алборг каде „црвено-црните“ доживеаја пораз (29-33), а еден од погодоците на руското крило се најде меѓу најдобрите на колото.

Во изборот на ЕХФ се најде еден специјалитет на Дибиров. Тоа е неговата препознатлива „вртенка“ која заврши во мрежата на Алборг. Руското крило го има четвртиот најдобар гол во рамки на петтото коло.

  • Најдобрите голови на 5. коло во ЛШ:

Дибиров на дуелот против Алборг ја мина границата од 1.000 европски гола во кариерата, а следен предизвик е границата на 1.000 голови во Лигата на шампионите, за која му фалат уште тринаесет погодока.