Василевски по една година се врати во Тинекс Пролет

Пролет

Левиот бек Александар Василевски се врати во редовите на Тинекс Пролет. По една година пауза тој одново ќе биде дел од нашиот прволигаш.

Ланската сезона ја мина во екипата на Скопје. Меѓутоа клубот не му даде продолжение на соработката, што му остави простор да се врати во тимот каде успешно настапуваше неколку сезони.

Пролет реши едно прашање, а тоа е бековската позиција. Наскоро се очекува и доведување нова опција меѓу стативите.

Репрезентативецот Томислав Јагуриновски е најзвучното засилување на екипата ова лето.