Валтер пристигна во Битола на работни состаноци, подготовките стартуваат за три недели

Доцна синоќа данскиот стручњак Ларс Валтер пристигна во Битола и официјално ја започна својата македонска епизода како тренер на Еурофарм Пелистер. Една недела по потписот на двегодишен договор, 56-годишниот стручњак дојде во нашата земја на неколку дена, за да реализира неколку работни состаноци со клупските структури.

Валтер ќе ги дефинира деталите околу стручниот штаб и подготовките за сезоната. Според најавите во август и септември ќе биде исклучително богато со ракометни возбудувања, бидејќи Еурофарм Пелистер во овој период ќе настапи во СЕХА лигата, Струшкиот ракометен турнир, Суперкупот на Македонија против Вардар 1961 и почетокот на Суперлигата на трети септември.

Екипата уште не е комплетирана и предвидени се 3-4 нови имиња за затворање на ростерот. Приоритет се бековските позиции, каде битолчани уште не ги замениле ракометарите кои заминаа. Табоада, Мандалиниќ, Мараш...

До овој момент во Битола сигурно доаѓаат Руди Сери, Урбан Лесјак, Вилсон Дејвис, Усама Хосни, Жарко Пешевски и Денис Васиљев. 

Стартот на подготовките на вицешампионот на Македонија предвидени се за 18 јули.