Ракометарите на Вардар 1961 запишаа победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 23-26 (11-11), во рамките на плеј-офот на Суперлигата и со тоа дојдоа до пол-позиција за титулата. На три кола пред крајот, вардарци зачекорија кон одбрана на тронот. Иако во салата „Боро Чурлевски“ атмосферата беше пеколна, искуството на „црвено-црните“ беше пресудно во триумфот, исто како и расположениот голман Борко Ристовски и стрелецот Куни Моралес. Вардар е на добар пат да биде старо-нов шампион на Македонија, но за тоа мора да ги добие последните три средби во плеј-офот на македонскиот ракомет во кои влегува како огромен фаворит.