Со два убедиви порази ракометарките на ЖРК Металург се елиминирани од ЕХФ Купот, како и што се предвидуваше. Самата одлука да се играат двата натпревари од првото коло во Полска, значеа огромна предност за Заглебје Лубин. Полските ракометарки не се ни испотија, а забележаа две победи и веќе ги планираат следните европски обврски.