Тасески: Здодевно беше без публика, „езерското“ дерби има посебно значење за нас

Второто коло од ракометната Суперлига попладнево ја носи соедната пресметката на езерските ривали Охрид и Струга. Домаќин на првото дерби оваа сезона е екипата на Струга, но фаворитската улога е кај охриѓани.

„Оовј натпревар има поголемо значење за играње и за нас и за навивачите. Здодевно беше без публика и не може да се почувствува емоцијата на дербито. Охрид е можеби благ фаворит на хартија, но тоа ништо не значи на вакви дерби средби. За да се добие „езерското“ дерби мора да се одигра добро. Треба да одиграме добра одбрана и да постигнеме лесни голови од полуконтри и контри“, изјави кружниот напаѓач на Охрид, Иван Тасески.

Во првото коло Охрид извојува победа против ГРК Тиквеш, додека Струга се врати со полн плен од Радовиш. 

Соседното дерби се игра вечерва од 19:00 часот, а најавено е присуство и на двете навивачки групи.