Танковски: Го сакавме трофејот, но во финишот влеговме во „црна дупка“

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во драматична завршница останаа со празни раце. Го загубија финалето против големиот ривал Вардар 1961 (23-22) со гол во самата завршница. Пелистерци водеа со пет гола, но и тоа не беше доволно.

Македонскиот репрезентативец Марио Танковски говореше на прес-конференцијата во име на битолчани и кажа дека црната дупка во која влегол тимот во последните десет минути си го сторила своето.

„Честитки за ракометарите на Вардар 1961. Се боревме одлично, но влеговме во „црна дупка“ во последните десет минути тука се одлучи натпреварот. Го сакавме овој трофеј, се боревме, но ете не успеавме“, изјави Танковски.

Еурофарм Пелистер чека на титула во Купот на Македонија од 2005 година.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија