Табоада: Дојдов во клуб кој постојано напредува (ВИДЕО)

Мал е бројот на квалитетни ракометари од Куба кои играат во Европа. Еден од нив пристигна пред неколку дена во Битола и во понеделникот беше претставен како нов член на Еурофарм Пелистер. Реиние Табоада неколку сезони блескаше во Данкерк и го привлече вниманието на ракометните скаути.

Првите впечатоци на бекот од новата средина и соиграчите се позитивни.

„Еурофарм Пелистер е клуб кој напредува постојано. Беше второпласиран во домашниот шампионат минатата сезона. Ова е добра шанса за мене да се дефинирам како ракометар и да му помогнам да екипата да се искачи на првото место и да освојува титули.

Гледав некои европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дерби натпреварите против Вардар 1961 во домашната Суперлига. Ми оставија добар впечаток и ова е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“, смета Кубанецот.

Тој ги опиша своите карактеристики и начинот на игра.

„Сакам да играм „еден на еден“, ја користам мојата физичка сила. Но, интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина“, заврши Табоада. 

  • Комплетниот разговор со Реиние Табоада:

Од вчера Бабиќ работи двапати дневно со ракометарите, а базичната фаза на подготовки ќе започне в сабота во Маврово.