• Мартин Танасковски

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги објави судиските парови кои ќе ја делат правдата на завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.
Сите доаѓаат од Скопје и Битола. Кај мажите сите судиски двојки се од главниот град, додека кај дамите два од трите меча ги добија судии од Битола.
- Ф4 Куп на Македонија (мажи)
Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски (Скопје)
Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје
Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
ФИНАЛЕ
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (Скопје)
- Ф4 Куп на Македонија (жени)
ЖРК Куманово - ЖРК Металург
Марија Илиева и Силвана Карбеска (Скопје)
ЖРК Чаир - ЖРК Ѓорче Петров
Методија Илиевски и Михајло Илиевски (Битола)
ФИНАЛЕ
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Завршниот турнир во Купот стартува со полуфиналињата кај мажите на 13 мај (петок), а ден подоцна закажани се женските полуфиналиња (14 мај). Финалињата се играат на 15 мај. Сите натпревари се во салата „Јасмин“ во Кавадарци.