Симона Грујовска е нов голман на ЖРК Куманово

Екипата на ЖРК Куманово донесе квалитетно име на голамнската позиција и потпиша со македонската голманка Симона Грујовска.

18-годишната девојка доаѓа од редовите на ЖРК Вардар каде го чуваше голот долги години, а во 2019 година беше прогласена за МВП на Ф4-турнирот во Купот на Македонија кој се одржуваше токму во Куманово.

Грујовска беше и на поширокиот список на ракометната репрезентација на Македонија во изминатиот период и сигурно ќе биде од голема важност за кумановчанки во предизвиците кои следат.

Тинејџерката важи за голем ракометен потенцијал и за една од најдобрите млади голманки во Македонија.