Шампионска сласт за „Комити“: Пехарот во прегратки на навивачите (ФОТО)

„Комити“ дојдоа во Кавадарци да го поддржат Вардар во натпреварот против Еурофарм Пелистер (23-22) и на крајот се радуваа на титула по драматична победа.

На радоста по сирената за крај на натпреварот во салата „Јасмин“ ѝ немаше крај. По голот на Филип Талески на неколку секунди пред крајот, трибината на која беа приврзаниците на црвено-црните еруптира од радост.

По церемонијата, ракометарите славеа заедно со „Комити“, а пехарот заврши во прегратката на навивачите. Нема ништо послатко од тоа за еден навивач, кога твојот омилен клуб ќе стане шампион.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија