Сања Цветкоска наместо во ЖРК Пелистер замина во Грција

Македонската ракометарка Сања Цветкоска нема да го реализира договорениот трансфер во ЖРК Пелистер, туку ќе замине во Грција каде ќе ја има првата интернационална авантура.

21-годишната ракометарка која доаѓа од Прилеп настапуваше за тимот на ЖРК Деспина и беше најдобар играч на тимот. Левиот бек се договори со ЖРК Пелистер, дури и позираше со дресот, меѓутоа откако дојде понудата од Грција, битолчани ѝ излегоа во пресрет.

Следна станица на македонската ракометарка ќе биде Анагениси Артас. Во договорот меѓу Цветкоска и ЖРК Пелистер стои дека таа ќе биде на располагање во иднина за клубот, секако, доколку се има потреба на играч од таа позиција, а таа бара нов ангажман.

Сања Цветкоска целата кариера го носеше дресот на ЖРК Деспина.