Ристовски: Наградата за овој Вардар не е пехарот, туку е нешто многу повеќе

Екипата на Вардар не ја предаде круната од Купот на Македонија. Во драматично финале со погодокот на Филип Талески во Кавадарци падна Еурофарм Пелистер, за јубилејна петнаесетта титула на вардарци во ова натпреварување. 

Искусниот голман Борко Ристовски со порака на социјалните мрежи им честитеше на сите за освоениот трофеј и им се заблагодари на навивачите за поддршката.

„Наградата за овој тим не е пехарот. Наградата е нешто многу повеќе. Борбата, заедништвото, желбата да се биде прв. Едноставно овој клуб е повеќе од трофеи. Вардар е Скопје, Македонија. Честитам на истраноста на цела екипа. Посебни честитки за Томовски и Гогов, на кои сум посебно горд. Благодарност до сите наши поддржувачи и нормално до „Комити“, напиша Борко на социјалните мрежи.

Вардар е пред нова двојна круна во македонскиот ракомет, затоа што на две кола до крајот на Суперлигата е лидер на табелата.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија