Радовиш почна подготовки со четири нови имиња

Суперлигашот Радовиш активно работи и реализира тренинзи во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона. Тренинзите се одвиваат во СРЦ „25 мај“ во Радовиш во два термина - наутро од 10:00 часот и попладне во 18:30 часот.

Екипата е комплетна со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на радовишкиот клуб. Новајлии се Јикица Вештица кој игра на позицијата среден бек, голманот Кристијан Костадиновски, левиот бек Гоце Ѓоргиевски, левото крило Дарио Јорданов. Соработката ја продолжија: Ангеле Органџиев, Иванче Ончев, Томче Трајчевски, Аце Марков, Славјан Паунов, Филип Трајанов, Кристијан Ристов, Здравко Постолов, Матеј Шапков, Ристе Атанасов, Аце Ристов и Костадин Ѓоргиев, Александар Долдуров и Спасе Ѓоргиев ја завршија кариерата и се повлекоа од активното играње ракомет.

Тренер останува Љупче Мијалов, а негов асистент ќе биде Живко Андонов. Од управата најавија неколку контролни натпревари пред официјално да започне Суперлигата. Првиот официјален натпревар Радовиш го игра на домашен терен на трети септември против Јуниор КВ.