Радовиш беше само лесен тренинг за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер оствари нова лесна победа во Суперлигата. Денешното гостување во Радовиш заврши во полза на битолчани со убедливи 21-37 (12-20).

  • Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Еурофарм Пелистер:

Вицешампионот отпатува во Радовиш без Сери и Вилсон, но со многу поинаков пристап од последните дуели со Голден Арт и Еурофарм Пелистер 2. Така во првиот дел „зелено-белите“ постигнаа дваесет голови и не дозволија Радовиш да размислува за изненадување.

По почетните 5-2 и 6-3, битолската одбрана покажа конзистентност и до минимална, предноста одеднаш стана убедлива. Десната страна од нападот на битолчани беше посебно расположена и Радовиќ и Хосни постигнаа дури десет гола за 12-20 на крајот од првиот дел. 

Пелистерци побегнаа на двоцифрена разлика за неколку минути во второто полувреме. Домашниот тим имаше проблеми во организацијата на нападот. Тоа се должеше на сериозната игра во одбрана на ривалот. „Зелено-белите“ запишаа трето сезонско славје и останаа на врвот на Групата Б.

Ненад Костески постигна осум, Усама Хосни реализира гол помалку, а по шест гола запишаа Мирко Радовиќ и Павле Атанасијевиќ. Јакша Вештица од редовите на домашната екипа беше најефикасен на теренот со девет погодоци.

Ракомет
Суперлига 2022/23
Група Б
Четврто коло

Радовиш – Еурофарм Пелистер 21-37 (12-20)

Спортска сала: „25 мај“ Радовиш
Гледачи: 500
Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски

Радовиш:
Паунов, Костадинов, Марков, Јорданов, Долдуров, Ѓорѓиевски, С. Ѓорѓиев, Постолов 5, К. Ѓорѓиев, Органџиев 6, Ончев, Вјештица 9, Атанасов, Трајчевски 1, Костадиновски
Седмерци: 6/4
Исклучувања:  2 минути

Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Ојлески, Маџовски, Кузманоски 2, Стоилевски, Радовиќ 6, Танкоски 4, Хосни 7, Костески 8, Кукоски, Ѓорговски 1, Васиљев 1, Суси, Пешевски 2, Пав. Атанасијевиќ 6
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 10 минути