Пролет остана перфектен и рутински го среди Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Тинекс Пролет немаа големи проблеми и во четвртиот меч од новата сезона и на домашен терен запишаа нови бодови во дуелот против Јуниор Кисела Вода (32-21).

Избраниците на Алексо Лембанов се една од трите екипи без пораз во Суперлигата. Со денешниот триумф застанаа на делба на врвот, заедно со Еурофарм Пелистер, кој славеше на гостувањето кај Радовиш.

  • Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Јуноорс Кисела Вода: 

Гостите од Кисела Вода се надигруваа во првиот дел, но при крајот загубија здив и дозволија противникот да се одлепи. Предноста на фаворитот продолжи да расти. Продолжението од мечот донесе прво двоцифрено водство за Пролет, по кое се чини паднаа во вода сите шанси на гостинот на оваа средба.

Тотиќ, Јагуриновски и Џонов со по седум погодоци беа најдобри во победничката екипа. Кај гостите се истакнаа Симоновиќ и Митровски со по пет гола.