Пелистерци ги избраа новите броеви: Единицата за Лесјак, Дејвис доби 23-ка, Пешевски со број 44!

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер на денешното официјално фотографирање на клупските и натпреварувачките потреби ги распредели броевите за сезоната 2022/23 во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија, СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лига Европа.

Со оглед на многубројните новајлии имаше и одредени промени во споредба со минатата сезона. Лесјак ја доби единицата, Дејвис ќе „диригира“ со 23 на грбот, а Сери го доби дресот со број 51. Репрезентативец Жарко Пешевски ќе го носи дресот со број 44, а Русинот Васиљев го избра бројот 37.

Голмани:
1. Урбан Лесјак
98. Марко Кизиќ

Леви крила:
8. Цветан Кузманоски
3. Гоце Ојлески
6. Бојан Маџовски

Леви бекови:
51. Руди Сери
7. Дејан Кукуловски
34. Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:
23. Вилсон Дејвис
88. Павле Атанасијевиќ
14. Марио Танкоски

Десни бекови:
17. Усама Хосни 
31. Павле Петровиќ
30. Мартин Велковски

Десни крила:
13. Мирко Радовиќ (капитен)
19. Ненад Костески

Кружни напаѓачи:
44. Жарко Пешевски
37. Денис Васиљев

Дефанзивец:
24. Милорад Кукоски

Промоцијата на екипата и новите дресови е предвидена пред натпреварот против Мешков Брест. Претпродажбата на новите дресови на Еурофарм Пелистер првпат ќе биде отворена во фан-зоната пред натпреварот против Мешков Брест на 25 август.