Охрид со подобар финиш ја доби драмата во Струга

„Езерското“ дерби меѓу Струга и Охрид донесе супер-интересен меч во кој победата ја однесе гостинската екипа предводена од Раде Стојановиќ (19-21).

  • Комплетниот натпревар меѓу Струга и Охрид: 

Може да се каже дека охриѓани заслужија да го освојат целиот плен. Тие имаа предност во текот на целиот меч, која ја потврдија во последните пет минути, кога покажаа поголема смиреност и искуство од ривалот.

Гостите наметнаа темпо, кое Струга сепак можеше да го следи во првиот дел. Ниту една екипа не направи значајна разлика, постојано се играше гол за гол, па тоа донесе егал резултат по воведниот половина час.

Следуваше идентичен расплет на настаните во продолжението. Голманот на гостинскиот тим одигра клучна улога во завршните моменти. Одбрани два пенали во низа, а на тоа се надоврза и исклучувањето на Мартин Табаковски во незгоден момент. Охрид погоди за +2 и играше со човек повеќе, период во кој се одлучи победникот.

Мице Шилегов со седум и Филип Николов со шест се истакнаа кај гостите, а Бобан Блажески постигна седум погодоци за домашната екипа.