Металург во нов лик означи старт на подготовките за новата сезона

Македонскиот ракометен суперлигаш Металург означи старт на подготовките за новата сезона која ќе стартува во месец август.

Екипата од Автокоманда предводена од тренерот Марковски ќе игра само на домашно тло, откако ги откажа настапите во Европската лига на ЕХФ. Целта ќе биде што е можно подобро издание, а амбициите се највисоки, тоа е борба со Вардар и Еурофарм Пелистер за горните позиции на табелата.

Неколку играчи во однос на лани си заминаа. Но, има и новитети, како што се португалското крило Улисис Рибеиро, францускиот бек Абдула Мане, браќата Оливие и Кевин Њокас, Димитар Бардаковски, Бобан Каковски, Костадин Петров... Задржан е и најсикусниот ракометар во тимот, Златко Хорват.

Подготовките на Металург стартуваат во Скопје, ќе продолжат во Маврово, а тест натпревари ќе се играат во Струга и во Хрватска.