Матеа Чурлиновска промени клуб по одличниот настап на СП

Македонската голманка Матеа Чурлиновска има нов клуб по одличниот настап на Светското првенство (СП) за ракометарки до 18 години кое се одржа во Скопје и останува во домашната лига.

Доскорешната голманка на ЖРК Деспина од Прилеп имаше добри партии во групната фаза во која Македонија заврши со три победи на три меча, а истовремено добро бранеше и во следната фаза и разигрувањето за пласман.

Нов клуб на Чурлиновска за следната сезона ќе биде тимот на ЖРК Куманово. Со тоа, тимот добива перфектно младо дуо за меѓу стативите, затоа што претходно кумановчани ја донесоа и Симона Грујоска од ЖРК Вардар.