Мари Франсуа од пенал спаси бод за ЖРК Пелистер против Скопје

Екипите на ЖРК Скопје и ЖРК Пелистер одиграа драматичен натпревар кој во рамки на првото коло од ракометната Суперлига заврши без победник (22-22).

  • Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Скопје и ЖРК Пелистер:

Мечот меѓу тимот предводен од Валентина Радуловиќ кој е нов проект на македонската ракометна мапа и „зелените“ беше во целост изедначен. Тимовите беа рамо до рамо константно, резултатот беше клацкалица, а во финишот посреќни беа битолчанки.

ЖРК Скопје имаше предност од еден гол во самиот финиш (22-21), а откако се направи пенал, одговорноста за ЖРК Пелистер ја презеде Мари Франсуа и донесе бод за суперлигашот од Битола.

Токму Франсоа Мари беше најефикасна кај ЖРК Пелистер со девет гола, пред Моника Босиловска со пет реализации, Ана Марија Талева стрелаше четири пати. Кај ЖРК Скопје, Јасмина Попова заврши со шест гола, а Мила Филипова и Ана Георгиевска имаа по четири гола.