• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков се враќа во составот на Веспрем во Лигата на шампионите и е пријавен во протоколот за дуелот против Алборг.
Четвртфиналето кое е прво на програмата е во Унгарија. Манасков ја надмина повредата и по осум месеци се најде меѓу повиканите играчи на Веспрем. Нема повредени во составот на унгараскиот гигант.
Во тимот на Алборг нема да настапат Хенеберг, Холст и Ларсен. Натпреварот меѓу Вепсрем и Алборг се игра од 18:45 часот.
