Манасков: Драго ми е што по неколку години одново ќе играм во Струга

Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат дел од претстојниот Меѓународен турнир во Струга. Подготовките на актуелниот македонски шампион се во тек и се одржуваат во главниот град.

Едно од новите имиња во ростерот е Дејан Манасков. Македонскиот репрезентативец се врати во нашата држава и ќе биде дел од „црвено-црните“ во новата сезона.

„Веќе неколку днеови тренирам со екипата, добро се вклопив, доста од играчите ги познавам од претходно така што не беше тешко. Сите ме прифатија добро и се подготвуваме за почетокот на сезоната. Нè очекува јубилеен 50. турнир во Струга ќе ми биде драго што по неколку години ќе играм таму. Се работи за квалитетен турнир, ќе биде генерална проба за она кое не очекува во сезоната. Ќе го искористиме максимално овој период за да бидеме спремни за дуелот на 23. против Нексе за кој што мораме да ја креваме формата полека. Играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на завршниот турнир“ , изјави летното засилување на вардарци.

Алкалоид, Целје Пивоварна Лашко и Бутел Скопје ќе бидат противници за Вардар на турнирот на „Градска плажа“.