Ракометната федерација на Македонија информира дека утре (среда) со почеток од 12:00 часот, во просториите на РФМ ќе се изврши ждрепката групна фаза во Купот на Македонија, во машка и женска конкуренција.
Фаворитите од Суперлигата на Македонија продолжија со убедливите настапи во првата рунда на Купот. Така, Еурофарм Пелистер 2, Охрид и Струга се пласираа во следната фаза на најмасовното натпреварување во земјава.
Екипата на Еурофарм Пелистер како голем фаворит на домашен терен славеше над Текстилец (45-19) и така се пласира во следната фаза од ракометниот Куп на Македонија.