Куп завршницата во Кавадарци за 150 денари дневна влезница

Откако трката за шампионскиот трофеј најверојатно ќе заврши со победата на Вардар, викендов ракометна Македонија е пред нови возбудувања. Кавадарци ќе биде домаќин на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Ракометниот клуб Тиквеш како организатор на овој турнир, кој ќе се игра до недела, ги откри цените за билетите на сите натпревари. Продажбата на истите започнува од петок, а билетот ќе биде дневен и ќе чини 150 денари.

„Почитувани, со огромна чест и задоволство ви го најавуваме ракометниот Куп на Македонија 2022 година за мажи и жени кој ќе се одигра овој викенд во салата „Јасмин“, Кавадарци.
Од утре (петок), од 12:00 часот на билетарницата во „.Јасмин“, Кавадарци ќе бидат пуштени дневните влезници за сите натпревари. Дневната влезница е по цена од 150 денари. Се надеваме на успешен ракометен Куп на Македонија, одигран со спортски дух и убава атмосфера. Нека победат подобрите“, велат од редовите на Тиквеш.

Во машка конкуренција полуфиналните средби ги сочинуваат Вардар 1961 – Еурофам Пелистер 2 и Бутел СкопјеЕурофарм Пелистер, додека кај дамите за финале ќе се борат ЖРК Куманово – ЖРК Металург и ЖРК Ѓорче Петров – ЖРК Чаир.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија