Куманово за Суперлигата се засили со младински репрезентативец на Србија

Ракометната екипа на Куманово во следната сезона ќе се натпреварува во Суперлигата на Македонија

Кумановчани за обврските во елитното ракометно друштво се засилија со српски младински репрезентативец. Се работи за Вучко Мрвовиќ, кој има 21 година и настапува на левата бековска позиција. Младиот ракометар има интернационално искуство и се очекува да биде големо засилување за Куманово. 

Претходно во кариерата Мрвовиќ беше дел од Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица во Србија, а настапуваше и за грчкиот суперлигаш Филипос Верија

Пред Куманово е голем предизвик во елитата, бидејќи ќе играат во групата А со екипите на Вардар 1961, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид и Вардар Неготино.