Кизиќ: Еурофарм Пелистер ми го понуди баш она што ми треба за мојот развој (ВИДЕО)

На местата на Хендави, Чаневски и Трајковски, ова лето во Битола дојдоа Секељи, Кизиќ и Ивановски. Комплетната промена на голманската тројка ја намали просечната старост и двајца млади македонски години, покрај искусниот Секељи, ќе добијат шанса во натрупаната сезона на повеќе фронта.

Младиот Марко Кизиќ во Битола дојде со долг договор, а и самиот многу очекува од новиот предизвик. 

„Еурофарм Пелистер ме убеди со амбициозниот проект, во кој како млад македонски ракометар се вклопив. Ми го понудија баш тоа што ми треба за да го докажам својот потенцијал и да го извадам максимумот од себе.

Запознат сум со овој клуб од поодамна. Секоја година станува се подобар и подобар клуб,. Минатата сезона беше тежок противник, според мене сезонава сме посилни и мислам дека може да се направат уште подобри резултати. Од поодамна го знам Филип Ивановски. Одличен човек и добар голман. Се запознав и со Мартон. Мислам дека ќе има позитивна конкуренција и ќе бидеме место каде може да се напредува“, ни рече младиот голман. 

  • Комплетната изјава на Марко Кизиќ: 

Кизиќ и пелистерци од минатата сабота се во Маврово, каде ќе останат до 30 јули и ќе го одиграат првиот тест натпревар против Еурофарм Пелистер 2.