Калуѓеровиќ замина од Металург и ќе игра во третата германска лига

Василије Калуѓеровиќ замина од Металург и повеќе нема да настапува во Суперлигата на Македонија, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Потсдам. 

Германскиот тим кој настапува во третиот ранг на ракометот во земјата го промовираше Калуѓеровиќ како ново засилување. 22-годишниот бек се покажа одлично за краткиот период во редовите на тимот од Автокоманда, но веднаш по крајот на сезоната се раздели со Металург. 

Потсдам ќе му биде трет интернационален предизвик, бидејќи веќе играше во шведскиот Ескилстуна и Металург, а настапуваше и во домашната лига за Ловчен Цетиње и Извиѓач. 

Новиот клуб на Калуѓеровиќ има амбиции да се промовира во втората лига преку настапите оваа сезона, па Црногорецот ќе се обиде да помогне во намерата.